Во далечината гледам една бела, пријатно бела точка којашто наидува кон мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Многу-многу ние децата не можевме да дознаеме зашто сите нè распоредија по присојското и по осојското, по редовите од двете страни на реката да внимаваме повеќето одошто обично да не наиде кон селото некој туѓинец.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)