Тоа лето, една вечер, откако вечераа и Гоце отиде на бунарот да налее вода, Никола ја викна жена му и и рече: - Султано, сакам нешто да те прашам...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Меѓу нив, меѓу редовниците, постоеше договор, а него никој не смееше да го измени, онаа, на која ѝ дошол редот, да биде извикана од таа што налеала вода пред неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Или си вообразувам!? (А кого уште го има за да побара совет и помош?) Сега, на оваа нова раздалеченост од Ивана, сфаќам дека тргнал да налее вода од потокот (или веќе има налеано?) па откако ме забележал застанал да ме пречека!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Скришум, кога го полнеше чанчето со вода, за да му го подаде на првиот бригадирец под насипот, Мече налеа вода и во својата направа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не, не можам дури ни да си претпоставам дека заборавил на каде се има упатено.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)