Покрај нејзиниот Стојо, три сина и две ќерки, сите како од вреќа истурени, малечки, ѝ се наметнаа на главата и двајца девери —вдовци. Црна Митра, место не може да ја фати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го наметне на Толета баш него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ми рекоа, брат Толе, ако не можиш да вирееш по селата тие би те испратиле во Бугарија, да се зас'ниш и да се одмориш, — му ја пренесе Гуле поканата да го напушти Толе Мариово и да оди во Бугарија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беше, наспроти Чаплин, Форд, Роселини или Хокс, прилично невротичен, и не му беше лесно таа своја нервоза да ја наметне на целиот свет.“ Франсоа Трифо (Francois Truffaut) Margina #21 [1995] | okno.mk 31
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Меѓутоа, ако читателот се обиде - што на крајот на краиштата и мора да го направи - да посегне по нешто „есенцијално“, специфична карактеристика на прозата на Бартелми останува тоа дека која било схема или пристап кон текстот делуваат неадекватно: формалистична и редуктивна постапка наметната на комплексноста на реченицата или текстот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Најпрво ги оставив торбите, а онаа со преврските ја наметнав на рамо, ја зедов пушката и ја прицврстив, но имав само три куршуми – дум–дум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ѕирнав, жива душа немаше. Решив сама да си командувам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Смесата на позитивни и негативни повратни врски им наметнува на економистите два тешки проблема.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)