Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Толета не му ни требаше повеќе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— И му намигна со левото око, завртувајќи ја главата кон Скала, за да се сети Андон каква работа ќе брка — Е, арно, арно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога колоната врзана мина покрај Трајче, Ламбе кроце му мрдна на Трајчета со главата и му намигна со окото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)