Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Чиниш, дека секој будимпештанец, односно Унгарец, односно секој странец што се наоѓа во градот на Дунав, пред да заспие, наминува во еден од будимпештанските локали.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Всушност, каде да се намине во градот, човек среќава акчии и малебиџии; без нив не може да живее овој град, зашто се и една од неговите специфичности.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, во Истанбул не морате да наминете во гостилница за да јадете.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има сопственици кои се толку приврзани за своите кучиња, за своите миленици, што и преку денот наминуваат во Пансионот да видат што им прави кучето, дали е весело или тагува, спие или лае, особено оние кучиња кои првпат доаѓаат во Пансионот и кои не навикнале на таков режим, одвоени од дома и од очите и гласот на својот сопственик.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Два или три месеци по овој настан, кој остана моја тајна, наминав во дворот на мојот пријател, стопанот на кучката, на крајот од селото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Кого сретна деновиве во градот? - Никого. Освен еден стар професор, што ни намина во библиотека.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И натаму внимателно ја разгледуваше обетката под лупата. – На обетката има малку засирена крв.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога по неколку дена повторно го облеков истото сако, ја напипав обетката во џебот, првин се изненадив од каде таа таму, а потоа наминав во „Милениумски базар“, кај златарот- јувелир, кој ми беше школски другар. – Од каде ти е ова чудо? – ме праша тој. – Го најдов.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)