Секако дека нараторот ја игра основната улога.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од друга страна постои една димензија создадена од смртта на уметникот, после која уметничкиот систем се наоѓа себеси со сите остатоци, сите траги од шамановите перформанси заедно со скулптурите, формите, и енергетските полиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи она што се разоткрива на оваа изложба е Бојс како голем скулптор, и во овој комплексен, визионерски свет скулптурата се чини фундаментална.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа, најпосле, се „самоспознава“, се „наоѓа себеси“ во „субјективниот дух“, во самопознанието кај човека.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Како да се буди од смрт го чешаше целото тело, кога ќе излезеше од некоја состојба во која подолго време се наоѓал себеси: неподвижен мир од долго и тешко заборавање без осет за некакво течење, ток или поврзаност на нештата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Таквото искуство се наоѓа себеси во едно фино ново Она што луѓето ќе го продаваат во место - помеѓу уметност, иднината нема да бидат делови од наука и игра.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таквото искуство се наоѓа себеси во едно фино ново место - помеѓу уметност, наука и игра.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)