Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секогаш наоѓав оправдувања за да се прибирам уште подоцна... Еднаш беше скоро девет...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Луѓето се вртеа по него...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Џабе се трудеше и земаше квасец, пак не му беше подобро.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)