Сега се предвиде обврска за работодавачот и работникот своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанувањето на работниот однос и своерачно да се потпишат, а доколку спогодбата не содржи некој од овие елементи, ќе се смета за ништовна (чл. 11 од ЗИДЗРО/фев.13); б) исто така, се прошири правото на работодавачот да го раскине договорот за вработување поради причини за отказ поврзани за однесувањето на работникот од веќе претходно постоечките две (лична причина на страна на работникот и деловни причини) на три и тоа поради 39 кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина за вина) (чл. 12 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А освен пакетите полни со храна, таа многу често носеше и ќеси полни со облеки и чевли, на кои беа напишани имиња на познати бутици од Champs Elysee.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Едниот од нив, Ибн Фодлан (ум. по 922), раскажува за обредот на погребување на некој кнез, виден од него во текот на неговиот престој кај волшките Бугари.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Потоа ми ги завиткаа кориците во сина хартија, ми залепија една етикета и врз неа го напишаа името на моето девојче и со јадри букви - прво А одделение, моливчето го ставија во едно дрвено кутиче со шарени цветенца, а потем двајцата не ставија во нова кожена чантичка и појдовме кон училиштето.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Тој вели дека тие „на почетокот запалија пламен и го спалија телото, а потоа изградија нешто налик на ритче, во чија што средина поставија големо парче тополово дрво, на кое го напишаа името на мажот и името на царот на луѓето“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)