Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Детето не издржува: - Ве молам... кажете ни... денес напишав песна за него... наставничката Рада ме пофали... ве молам... сакам да знам...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како? Па, еден ден, поетот Сергеј Михалков, си напишал песна за својата сакана по име Светлана.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од првиот ден, кога влеговме во училиштето, од првиот клас, ѝ ставив до знаење дека ја сакам. Ѝ напишав песна; таа ја доби (на часот по биологија), ја прочита, се вцрви и потем го стутка листот и ми се чинеше дека сака да го сокрие, да го голтне, да го снема.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
СТЕВО: (Вади парче хартија. Го става врз клавирот.) Напишав песна за тебе. Од никаде ништо не препишав. (Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Посака да ѝ напише песна. Само што почна да пишува, се скрши мината на моливот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сигурно затоа и сум ја напишал песната што следува.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ќе бараш наслови за следните книги
Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови
поетите ќе ги распознаваш по интонацијата
а времињата и приликите според употребата
на заповедниот начин
карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш
без рецепти, така што да побудуваат носталгија
по домашно огниште и другите туѓи именки
сеедно по којпат, сега чекаш
- чекањето по дефиниција е бесконечно -
можноста да напишеш песна лебди во собата
како можност за љубов, како самовила
цела како јајце, како гром, како Господ цела
челото го збрчкуваш
пред карстната перспектива на иднината
и ги трошиш последните резерви надеж
- тебе речиси непотребни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)