И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На своите ќерки Зигмунд честопати им велеше: “Најинтелигентните меѓу младите мажи добро знаат што треба да имаат жените: благост, веселост и способност животот да им го направат поубав и полесен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)