Повеќе сакаше да ги поднесува последиците од таквиот статус отколку, со помош на Партијата, да напредува во кариерата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Скоро шест осмини од Македонија се населени со еднојазични Бугари, сите учат на грчки и Грците ги викаат Грци, со исклучок на посеверните славјани кои напредуваат во славјанскиот јазик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беспрекорната трудољубивост ѝ овозможи бргу да напредува во својата кариера.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакав да го прашам од каде таков обичај низ вековите семинаристите и препишувачите првата буква од текстот да ја рисаат како жив човек, како девојка или сподобие на кое полот не може да му се одреди, како полу-жена а полу-животно, и каква нужда има од таквото украсување на текстот – соблазнување на почетокот, искушение да се чита понатаму, да се напредува во мрежата на пајакот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со текот на годините мајка му се повлече дома, се зафати да се грижи уште повеќе за помалиот син, но овој, несвикнат на работа, брзо се даде по ашикување и уште побрзо се ожени со некоја унгарска монденка во новиот темен костум на риги што му го соши брат му за „велика матура” склучувајќи, како што слушнаа од добри луѓе кои доаѓаа од Преку8, граѓански брак во некоја од општините преку Сава.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И така, ден по ден, сè додека Јехуда Давидовиќ не дотурка до полнолетство, и работејќи деноноќно, не фати побрзо да напредува во занаетот, не стана калфа, а по некоја година и самиот мајстор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога ќе се прифати грешката како вистина, таа побрзо напредува во уништувањето, отколку катастрофата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси само од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Козма Прутков, Раководител на Одделот за мерки, вистински статски советник и кавалер на различни ордени. 1859 година (annus, i.) Забелешка: Во бројот на различните забелешки на маргините на овој проект се наоѓаат и следниве, што Козма Прутков, веројатно, сакал да ги развие во посебни проекти: 1) “Да им се нареди на сите уредници на приватни печатни органи да ги пренесуваат раководните написи од официјалниот орган дозволувајќи им само нивно повторување и развивање”; 2) “Да им се стави како обврска на сите раководители на одредени делови од управата: без престан да водат и постојано да ги соопштуваат во една централна управа списоците на сите лица кои служат под нивно раководство, со ознака наспроти секого: какви весници и списанија добива?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Оние, кои не го добиваат официјалниот орган, како недобронамерни да не напредуваат во службата, да не добиваат повисок чин, ниту награди, ниту службени патувања”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)