Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но за нивно сожаление в село беа останале десетина старци и коџабашијата Трајко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја воспостави врската, нарача во недела да дојде Гуцето со леб и тутун и уште кај зајдисоице се вратија кај другарите на Сливина со добри известија: дека таму уште немало излезени потери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)