Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Добитокот се вознемири. И Стрела ја насети близината на волците, па залаја, а тој лаеж повеќе личеше на престрашено квичење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)