Повторно, по толку години, се сретнав со онаа тага на ликот на детето – полузатворените очи кои не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа е поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетува својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)