Тогаш, две години пред историскиот настан, по ништо не можеше да се наслути дека овој тивок, црномурест, млад човек, со сјајна црна коса и благ израз на лицето, ќе ја сврти судбината на Тунис, внесувајќи ја земјата во нова ера, пред опасноста земјата да го изгуби цивилизацискиот континуитет до кој дојде Бургиба. Но за тоа подоцна!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој наслутува дека мајка му сака да го испрати по некоја работа, а од тоа нема ништо по омрзнато во светот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Од врелите солзи што ми го разматуваа погледот не можев да му ги видам очите, сепак наслутив дека се сиви, вкочанети.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)