А под „работен однос“ се смета само времето поминато во работен однос кај ист работодавач, како и времето кај претходниот работодавач – на кој, поради настаната статусна про- мена, правен следбеник е последниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7. Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации во време на транзицијата, со полно право може да се констатира дека најдрастични и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ (целиот законски назив кај овие непопуларни, колективни и масовни отпуштања од работа е отказ од деловни причини заради технолошки, економски, организациони и/или слични промени поради кои престанува потребата од вршење на определена работа) – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Хранарината“ може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во претходната година, а „патарината“ се исплаќа во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 113, ст.4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)