Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На импровизирано литературно читање настапува со Венко Марковски, Вапцаров и Блаже Конески со кого истото лето, по враќањето во Прилеп, подготвува заедничка поетска збирка.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ина уредила вечерта да настапам со својата точка, во паузата на програмата; директорот ми рече дека настапувам без никаков хонорар и на своја одговорност; се согласив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Очигледно А.А. се обидуваше да ме придобие и да предизвика на дискусија, па на крајот И.И. да настапи со програмираните факти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)