Толку многу ми недостасува раката на дедо ми на мојата коса!?
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сиот живот чувствував како нечиј поглед да го поништува моето постоење, и истовремено, барав некое суштество кое ќе ја залечи таа скршеност на моето Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)