нема (гл.) - јас (зам.)

„Ебеш ти чекање на подобри времиња, немам јас ништо од овде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Немам јас некоја голема мака, ако не се земе онаа најголемата што ме јаде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зошто да правам разлики? ... Нема јас да пеам славопојки...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
МАТЕЈ: Немам јас тебе што да ти се шишам. БОРИС: Има да се шишаш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Јас имам заслуги. СОЊА: Немам јас заслуги? Ти ги стави темелите, јас ја градам куќата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ДИМИТРИЈА: Да не сака тој и на ручек да седи? Немам јас ништо против. Нека седи и на вечера. И утре сабајле на појадок.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАРИЈА: Немој да кобиш. СИМОН: Немам јас што да кобам. Прокобено е тоа одамна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Немам јас брат, му велам, а тој што го имам е далеку. - Може да не е далеку, вели војникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немам јас никакви тапии, велам, и јас не сум стопан на земјата. Земјата е стопан на луѓето, велам. Таа ни дава за јадење, велам, и таа не јаде после.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)