„А за да може некој да не верува во Бога, и да каже дека нема Бог, зарем не треба и самиот да гледа сѐ и да биде и самиот снеможен, односно и самиот да биде Бог?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Животните немаат бог, ниту сеќавања за минатото, имаат само сегашност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вакви правеше само Катерина вампирката во моменти на длабока емотивна инспирација!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Се обидуваше и мене да ме посоветува, да не си ја грешам душата, непотребно, со пишување атеистички текстови, зашто никогаш нема да се дознае дали има или нема Бог.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мораше и ова да се издржи. – Добар ден, Мајко! – ја пречека војничето. – Дал ти Бог добро, сине! – Ние, Мајко, немаме бог.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како бог? Нема бог. Има само клиенти.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)