Зашто гледав, кога работев таму, кога ја проширувавме и доградувавме болницата, лекарите секаква болест лечеа; немаше болест што не ја лечат...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Ќе ти помине, Јоне, му велам, нема болест што не поминала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)