нема (гл.) - име (имн.)

Маргина 36 205 ГЛОБАЛНА СЦЕНА 206 okno.mk Александар Бренер• Алексеј Зубражук• Антон Литвин• Богдан Мамонов• Александар Ревизоров МАНИФЕСТ КАКО МАНИФЕСТ Ние немаме име, ние сме група без потпис.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тука е крајот и веќе нема ништо и ноќите немаат име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На моите детски гради го милував белото лице на мајка ми и, а во моите некогаш бисерни очи се топеа нејзините солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но сега е четврток, ова е станицата Шемен Вер, надвор се спушта вечерта, треба нешто да се смисли, можеби дури и не делува премногу неверојатно тоа што во другиот воз, тоа што во четвртиот вагон, тоа што Мари-Клод е на седиштето крај прозорецот, тоа што и самата здогледа и што се исправа испуштајќи крик кој 64 никој освен мене не може да го чуе така среде лице, среде таа трка за да скокнам во преполнетиот воз буткајќи ги патниците што негодуваат, шепотејќи ги извинувањата кои ниту некој ги очекува ниту ги прима, стоејќи наспроти двојната клупа заземена од нозе и чадор и пакети, која ја зазема Мари-Клод со својот сив капут покрај прозорецот, црниот прамен при наглото тргнување н возот малку се затресува како што се тресат и нејзините раце иако се ставени врз бедрата додека го упатуваат тој повик што нема име, кој е само тоа што токму ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заправо, можеби и постои, ама нема име - па ние, нејзините жители, не знаеме како да ја претставиме без притоа да се избрукаме.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Работи кои немаат име Работи за кои паѓа криво што кога ти е убаво тоа трае кратко; што никогаш нема да има улица со твое име; што на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш; што некој не знаел да земе од тебе; што "умре тоа време", а и ова богами не се чувствува баш добро; што колку и да се трудиш, некои луѓе и понатаму ќе мислат дека си лош човек; што како и да го вртиш светот е мрачно место; што не е онака како што ти велеле дека ќе биде. што веќе ништо нема да биде како што беше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Само еден меѓу крстовите во гробиштата немаше име На него беше развило гранче со неколку листенца И под него си спие овчарот Некогаш, во една далечна квечерина, на своите раце како на постела Што нѝ го донесе првото јагненце што ни се родило.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Му кажав дека јас и синовите сакаме да преземеме иницијатива, амбулантата каде што ти работеше да го носи твоето име (бидејќи, истата немаше име).
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го зачуди фактот што на пликот нема име на испраќачот... Го распара пликот и остана вчудовиден!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И замислете дека немаат име, и дека треба да им ставите име.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама тогаш стариот Пајко, татко му, рече задумано: „Кај Турцине, гробиштата немаат име, нели попе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нема име само за еден човек, вели тетка Славјанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од милоста нежна што гради кине, од големи воздишки каде воздивнувањето гине, а достоинството веќе нема име.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Можеби тој исто така би ги ослободил литературните зналци од конструирања на именувања со цел да се слуша и мисли, не во смисла само на еден или друг јазик туку во онаа сива зона која сѐ уште нема граници, која е одвај видлива, која нема име и не е. превод: Жарко Трајаноски извор: Translation Studies 80 Margina #10 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА okno.mk | Margina #10 [1995] СЦЕНА 81 Повторно, истата состојба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше бестелесна, а сепак сиот мој копнеж се впиваше во неа, затоа што знаев дека, некаде на светов, таа има и свој телесен облик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема датуми, нема имиња на места.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Робер Бадентер, сенатор на Франција Читателот на романот Времето на козите ја забележува доследноста во неименувањето: нема имиња на места, на ликови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сѐ уште нема име. Викајте го Стерна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Па подобро тоа отколку воопшто да немаш име, претполагам“, ги набра рамениците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)