Ако ги видел бардачињата со вода откриени, бидејќи се покриваа со некаква прекривка, ќе ги земел и ќе ја истурел водата од нив и бос во зима одел до чешмата, која мошне беше оддалечена од куќата, да наполни вода притоа минувајќи низ селото за да го видат селаните и викал на глас: „Еве, имам пет ќерки и снаа, а дома нема капка вода, па јас морам да одам да наполнам на чешмата“!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кожата му е бела, му се изѕира, ко излитена кошула. Нема капка крв под неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)