Таа, целата вгушната во мене, со главчето под мојата брада, трепереше, се тресеше од студ и шепотеше: - Кире, зошто ја немаше мама со другите мајки?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сакав да го прашам татко ми зошто уште ја нема мама, убедена дека таа досега стопати ќе дотрчаше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дуваме во прстите, си ги триеме рацете, се топлиме со воздишките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас, иако не многу голема, ѝ бев некаква закрила, сега, кога ја немаше мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)