Ги шијат кожите, немало и нема нога за таков опинок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
— Јас нога не давам, велам, немам нога за фрлање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но кога тоа треба да се каже, ти си нем, и ти веќе не си ти: немаш нозе смрзнати во листовите, немаш 'рбет за женска постела, немаш чело, гнездо за сенка на мртва птица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)