Ги ставив очилата, двојка, за читање, и неколку мига го гледав. Немаше сомнение. Пишуваше: „Поцо“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Меѓу Италијанците од времето на Мусолини, коишто ова копно дури со помош од страна го презедоа од Грција, сѐ уште беше свежо понижувањето што грчките сили им го приредија на самиот почеток од војната.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во воената поделба на териториите немаше сомнение дека, повикувајќи се на правото стекнато од минатото, Италија ќе ги добие и поранешните венецијански територии над грчките острови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пискулиев го спушта погледот долу, очекува, но копитата пак тешко тропнуваат по бетонот и стражарот ништо не му вели, иако - нема сомнение - сакаше баш тоа да му го каже.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Немаше сомнение дека голема змија лежела таму, точно во таква позиција во каква што ја виде таа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Решен е како публикација со две лица: од едната страна насловена како “opera”, поместени се повеќето репродукции на слики, скулптури, цртежи и соодветниот документарен материјал изложен на изложбата; а од другата - со наслов “vita”, снабдени сме со информации од животот на уметникот - од ден во ден - над 3600 одделни настани распоредени по астролошките знаци, насловен како “Ефимеридите на (или за) Дишан”, 1887- 1968, кои претставуваат извадок од едно исцрпно истражување спроведено последниве 18 години од страна на Џенифер Гог-Купер и Жак Камо.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нема сомнение дека проучувачите на Дишан ќе ги сметаат информациите од овој дел за највредно нешто во каталогот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нема сомнение дека тие состојби на залудност и нереализираност постојат во сите синкретички обиди.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение оти и српските интереси, како и интересите на Каравлашко и Грција, си имаат свој покровител.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение дека тука нема да биде така лесно окупационите власти да се ориентираат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Патријаршистите Словени можеа и да му сочувствуваат, но затоа што нивната интелигенција беше против комитетот, нема сомнение оти и самите селани троа му сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со сомнение во веќавањата на комитетот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение дека, и покрај сите заслуги и значењето што го има во македонската историја, оваа организација имаше и свои слабости, за кои не од денешно, туку од тогашно гледиште, прв и најаргументирано проговори токму К.П. Мисирков.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, односите на нашиот народ кон Турците и муслиманите воопшто повеќе зависеше од последниве отколку од нас: ако муслиманите гледаа на христијаните како на луѓе рамни на нив, тогаш нема сомнение оти не само ќе беа најарни односите меѓу христијаните и муслиманите, ами може и да немаше востание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение дека ова поколение на научници не е првото кое се обидува да го разбере поведението на овие системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Нема сомнение. Секој килим беше трган, а штиците ги прегледувавме со микроскопот.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Лицето што го украло е познато; во тоа нема сомнение; видено е како го зема.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сајм ќе биде испарен, во тоа нема сомнение, помисли Винстон повторно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„ Нема сомнение дека Министерството за изобилство свршило добра работа годинава“, рече тој со мудро клатење на главата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За Елена веќе немаше сомнение: жената со рацете впиени во нејзините раменици е Марија. Нејзината другарка од училиштето. Од класот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Веќе нема сомнение дека исказот е лирски. Сѐ се случува во исто време, меѓувреме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Овие два облика на дистанца, темпорална и просторна, нема сомнение, за вас биле неорходни и особено провансалскиот шарм и атмосфера каде што ќе присоберете сили и храброст за да сведочите за вашата неколкудневна аскеза, која продолжи во вас отаде збиднувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зашто ова место, поточно, повеќе ги предизвикува неодредените соништа на граничната линија на два света, отколку цврсто да се одлучи по која насока ќе се појде штом таму почнува неговата скитија, би се посакало, нема сомнение, никогаш да не заврши, за да нема што да избере.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Што се однесува до гласовите за напади врз конзулатите во Скопје, нема сомнение дека тие особено биле ширени од Хилми-паша лично и од неговите агенти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нема сомнение дека Б. Сарафов бил способен да даде таква „тешка“ изјава.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)