немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кое е доба на денот дознаваше и кога немаше сонце, кога камењата не фрлаа сенка; тоа го дознаваше по некој свој внатрешен навик, по бројот на ударите со чеканот на глетото, по нивното одѕвонување што личеше на голем часовник.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Денеска пак го нема сонцето и сестра ми не ги отвори очите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И, уште долго, единствените денови кога излегувавме на прошетка беа деновите кога врнеше дожд и немаше сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Денес пак го нема сонцето и сестра ми не ги отвора очите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
— Каде, вели тој, нема сонце на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа беше нешто како кога би сакал некаде каде што нема сонце некому да му ја покажеш својата сенка што идела по тебе или одела пред тебе додека сонцето греело. ***
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја вадев матарката со вода и пивнував, потоа го поткревав сенчилото на капата, која почнав да ја носам и дури кога немаше сонце.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)