Всушност, Дишан својот став го поткрепува со следното: „да се доведе Декартовото сомневање многу подалеку отколку што тоа го стори картезијанизмот: сомневање во самиот себе, сомневање во сѐ. На прво рамнодушноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ме интересираат луѓе коишто имаат стил; ако немаат стил не ме интересираат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Заборавот памти
на свој начин
и барем
не може
да му се префрли
дека нема
стил.
Меѓу две зла
Што ако животот ти е даден
да бираш меѓу две зла
и да го одбираш секогаш
- поголемото?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога ќе запрашате што е тоа зен, повеќе нема да го има. Кога ќе прашате што е тоа Дишан, веќе го нема Дишан. Кога ќе запрашате што е тоа стил, веќе нема стил.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)