Но и јас не сум ниту наивен, ниту неискусен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се борам колку што можам да докажам дека нема јазик на кој не се рлаче и не се страда, нема јазик на кој може докрај да му се биде верен...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но сите јазици од исти гласови сочинети се, и нема јазик кој од друг јазик се разликува за повеќе од дузина гласови, но нема јазик кој од други јазици се разликува само за дузина зборови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не постои јазик кој е чисто свој, нема јазик без заемени зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Македонија нема јазик, ами има многу наречја различни меѓу себе, но сите сродни со бугарските наречја и со нив составуваат една целина – бугарскиот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)