Главурдест сум и искокорен, рече. Се обидов да го поучам: Нема грди птици.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
За него немам грди зборови: праведник со малку среќа, но со многу чесност и храброст.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам по колку време дури сега лично се гледам, а се немам погрда видено.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доближи ми се. Копнеам да те видам и да те допрам. Дојди, ќе си позборуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тогаш уште немаше грди наноси меѓу мене и Симона, поточно јас се сопињав на нив, а не ги гледав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)