Во средниот век црковните концили за одредени прашања донесуваа одлуки дека се „адијафорични”, што значи неутрални од позициите на верата, така што црквата нема директен однос кон нив, тие не можат да се подведат ниту како грев ниту како доблест.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Го употребувам терминот „адијафоризација” како алегорија: она што денес се случува: еден број важни човечки акции се прогласува за морално адијафорични, т.е. неутрални од морален аспект.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но сега, Апелациониот суд, преку советот (во состав В. Јанкуловска – претседател, А. Филипов и П. Лескова – членови), во април 2007, носи Решение со коешто жалбата на тужениот работодавач се уважува како основана, побиваната пресуда се укинува, а предметот се врати на повторно судење – поради утврдено користење на вештачење од предмет кој немал директна врска во спорот (заб. во текот на парницата пред првостепениот суд, во доказната постапка, беше превземено вештачење од друг сличен предмет од Основниот суд Охрид – П.бр.1697/05 од јуни 2006).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како што правилно заклучува и самиот: „Колективниот договор може да прошири работничко право пропишано со закон, но не и истото да го скрати“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој козоцид?! – дополни татко ми, без да одговори. Да, тој немаше директен одговор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имено, тој веќе имаше добиено испратнина од осум плати, во висина од 245.472 МКД (4.025 ЕУР), но беше оштетен за над две и пол илјади евра кои му следуваа, но не му беа пресметани и исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)