Ним препирките на мостовите, како и животот, им прилегаат на неисполнет сон.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Историјата на светската мерценерија, било римската, руската или мамлечката, ја немаше новата идеја да се создаваат јаничарските елити од преобратените души.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На мостовите веќе одамна нема нови понуди, сал обична туристичка побарувачка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)