Но како никој жив од Потковицата немаше или нејќеше ништо лошо да каже за Јована, властите се налутија и ги нападија железничарите од станицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јончета Ризески Штетата го вратија на земјата на татко му Ангелета Ризески Козето и одново го направија прост селанец, Ордана го отераа на некоја мала станичка во Србија; само Крстета го оставија тука, но да не биде чувар на пругата, како порано, туку го натераа да биде прост работник во десетината на новиот десетар, Дано Плетварчето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Ами некој ако не даде? Ако нема или неќе да даде? — му се испушти на Стојо Сукала кој за прв и последен пат беше селски човеказа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. Му рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Понатаму кога веке влегувам во селото, веднаш од десната страна прво е светото место, односно сега место за селските гробишта, затоа што црква немаше или била палена, па сега тоа место служеше за свето, на кое се почитуваа предците.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Мислите ли вие, им велеше командирот на четата, дека ние живееме затоа што немаме или не сакаме.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Вистинскиот свет е оној што го нема или е преку непосредниот живот истоштено чудовиште.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А мене ми остана да бидам хроничарот на границата, со надежта на сите, дека еден ден сепак некој ќе се врати кога повеќе ќе ја нема или ќе го загуби некогашното фатално значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше крај мене кога пишував, но одеднаш умееше да се оддалечи, да укаже на својата дистанца, едноставно да ја нема или целосно да ја смени големата тема од сржта на мојата сага, да се сврти на помалку значајни теми, на прв поглед банални, дури и да ме предупреди дека и не морам да одговарам на нејзините писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За волшебната коцка на глобализмот Најнакрај на кого ќе му се лигават борците за човекови права Од целиот свет и особено од земјите на третиот свет На кои на пример не им е јасно како во еден поредок да има трет А да нема или да исчезнал вториот свет
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)