Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се движат заедно тие секој кон бесоницата своја утрото што го бара. А водата се ниша од моите последни стапки и веќе ја испива зеницата на вечерната ѕвезда.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Стоев така замислен на брегот, размислувајќи за новите предизвици на денот, со мисла нишана од сините бранови, го заушив познатиот глас на градинарот Раиз: - Знаев дека ќе ве сретнам на брегот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Празното седало се ниша од врвот на брезата прегрнатото од сивата измаглица.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Како маченици кон светлината дури се искачувавме на постела од распеана литургија плачеше младич а поплава надоаѓаше од ридовите И кога надојдоа водите и кога се искачивме на ридот гледаме летото како се ниша од гласот на младичот - врати се девојко моја горка, со златен меч сонце преполовено мое.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)