носи (гл.) - глава (имн.)

Само ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе кандисат на толкав сума, како баеги пари сет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со два класа трговска академија одвај ја носи главата на рамена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пет стотини ако дадат ќе и носат главите ошче некоа година, инаку пушчете ме мене, јас ќе се расправа со сете тие легачи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никола Поцо само одел напред, тие ја носеле главата в зобница по него до влезот на резиденцијата на Беадин-паша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За да ја носат главата, ексик нека е, велат, и за умот.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)