Набргу јас ќе бидам далеку, далеку од судбината на Палестинците, на Јасер Арафат, на неговите први соработници.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе останат во моето сеќавање, но ќе оживуваат кога немирните бранови на историјата ќе ја носат судбината на Арафат и Палестинците до бреговите на надежта...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Често се сеќавала невестата Ервехе на една мисла од Библијата која, по часовите кај лазаристите, си ја коментирала со вујна Клементина, според која „на човека му се знае точниот број на влакната од косата”, како и кажувањето од Куранот дека „човекот си ја носи судбината обесена на вратот!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)