Место мојот најсвеж сон што Пачев го очекува со необично сладострастие му го нудам објаснувањето на Загорка Пеперутката што може да се искористи во случаите што се чинат неразрешливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Господи, ние жените, ние жените! (Но наеднаш сфати дека ѝ недостасува вистинскиот збор што нуди објаснување).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)