До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кокошките не ги пуштија од сандучињата, од сиџимките за да не се испомешат и да не прелетуваат преку луѓето, ама козлињата почнаа да се шеткаат и да го обележуваат својот пат со брбушки.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)