Еднакво пресудно ќе биде и психологијата, било онаа популарната, било некоја друга, да не нѐ оттргнува од овој длабоко општествен процес на обликување на субјектот, не само затоа што психологијата е склона да го медицинизира и да го патологизира општественото дисидентство, особено сексуалното дисидентство, туку затоа што тука не се занимаваме со поединечен ментален живот, туку се занимаваме со колективни структури на чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ги обликува нештата што ни изгледаат како длабоки, трајни интуиции за светот и за нас самите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествениот живот досегнува длабоко во субјективитетот на поединецот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе разгледавме некои примери за основните интуиции или за субјективните вистини кои, иако длабоко се чувствуваат, не ни ги одразуваат биолошките природи и психолошките премрежиња, туку општествениот поредок на нашиот свет и вредностите што се поврзани со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)