Нека грмат громови, нека дождот струи низ облаците, нека застане светот и времето, чекајме на истото место, прегрниме како дете и кажи ми: „дел си од мене“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Несакав да разберам ни да простам за сите грешки, а те обожував и те сакав повеќе од било кој друг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)