И, она на што и самиот си заборавил дека како особина го поседуваш, одеднаш те обојува во некој кој е посакуван во друштвото од каде на клоци си набркан своевремено, обележан преку цело чело, па во огледалото не се препознаваш ама си се бендисуваш ептен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Би сакал да бидам вистински поет како Радован Павловски но за тоа немам ниту талент, ниту мадиња. Тукушто започнав со љубов да го учам и јазичам македонскиот, во работна маса да си ги претворам потпиралките под лактите, без песнарка да не букварам ниту со правниците. Терасата си ја обоив во белосино за да го збунам небото кое невино наседна и кактусно заофка.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ја средивме собата и ѕидовите од црно ги обоивме во бело.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)