обрати (гл.) - со (предл.)

Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, -почнува длабок звук да ја тревожи Петровата душа, научена да се обраќа со песна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојот познаник, кој веќе десетина години живее во Келн, ми се обрати со прашање дали знам да му кажам по што е познат овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Фаик Коница кон крајот на 1942 година ја насетуваше блиската смрт му се обрати со молба: „Го напуштам животот со мисла дека од сите само Вие можевте вистински да ме разберете во оваа земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И О.О., како и сите други, ми се обрати со првите исти зборови: - Читавме ваши текстови!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еден возрасен маж, на кого Бојан му се обрати со „Добар ден чичко Станојко“, мавташе со вила пред себе, зад себе, в страни, и одвај ли погледна во момчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе Те потсетам госпоѓа Лејбовиц неа ја дефинира како литература која и не се занимава со друго освен со длабините на душата (Старова, 2008: 10).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Му се обрати со бате, а зборот сестро никако да излезе од неговата уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- И без да ми се обратиш со збор, ги чувствувам твоите воздишки!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тука еден борец, се викаше Андреа, ни се обрати со предлог: Другари, немојте да отворате оган, јас знам германски и ќе зборувам да ги убедам да се предадат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)