Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А, на мене не обѕирај се, стара сум и грешам, често од невнимание го разлутувам, па после ми е криво.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Се прашувам“, рече мажот доаѓајќи од спалната соба и обѕирајќи се, запирајќи в час со лулето в рака.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Копај“, му велам, „не обѕирај се на камењата“. „Ќе копам“, вели, „ама ми е чудно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неколку умни косови изделкале јајце од мермер. Долетал до јајцето Гавруш – ќе појадува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Туѓинецот стоеше сам. Обѕирајќи се наоколу можеше да ја види својата самотија, водата на убавиот брег и сонцето што се слизнува удолу во доцнежните бои на денот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ноќе во New York можат да се сретнат осаменици во спортска облека како застанувајќи покрај огради, скали, бетонски блокови, не обѕирајќи се на ништо и никого, ги истегнуваат своите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)