објави (гл.) - за (предл.)

Тие со право и натаму се обидуваа нешто да сторат, некому да кажат, да објават за неправдата што им е нанесена, но до тој момент, тоа ми беше познато, резултат немаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во весникот кој објави за нелегалниот престој на Вендерс во САД за време на снимањето на „Париз-Тексас“, го пишува и ова: „Вендерс пред своите обожуватели призна дека нелегално го снимил филмот!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)