објаснува (гл.) - на (предл.)

Едни објаснуваа на другите дека е поарно сноп да се вади, други велат „пресек“ е поарно, ама „високо посегна агата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака жителите на Потковицата, на подбишега, им објаснуваа на учителите и на чиновниците на завојувачите кога тиа нив и нивните деца со сила ги тераа пампурите да ги викаат пеќи, и продолжуваа а си се греат - на пампури.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И јас објаснувам на руски: петите треба да се сменат, ова, овде да се залепи...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Вчера ѝ објаснував на мајка ми за ова списание и ѝ барав пари да си го купам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неговите исчезнувања се објаснуваат на стотици начини, трансформирани во фолклор, успивни приказни, суеверија...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои го поистоветуваат со Дракула, некои со Бетмен, некои (како славниот г. Лакан) со самиот принцип на празно или неодредливо (јаз во „јас”)...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини ѓаволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Козарите подоцна му објаснуваа на Чанга дека стравот од луѓето се пренел кај балканските кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јоле убаво им објаснува на луѓето да се одвикнат од простите презимиња. Презиме ли е Мисајле Прпуш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)