овозможи (гл.) - создавање (имн.)

Значи, Летот на Загорка Пеперутката е повторно напишан роман на тема обработена во романот Неподобниот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш и одлучив дека не треба да пристапувам кон корекции на одделни делови на книгата туку дека е потребен нов пристап кој веројатно ќе овозможи создавање на дело какво што имав намеара да напишам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Светоста на нашиот телесен имиџ, заедно со ирационалните табуа во врска со сексот и смртта по сѐ изгледа се најупорните анахронизми на мислата во индустриската ера. човечкото суштество на иднината можеби ќе биде био-компјутерски хибрид со облик каков што ќе се посака, или “електронски ентитет” во дигиталниот инфо- универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А „еволуцијата на министерот (се однесува на британскиот премиер Винстон Черчил, б.м.) за успесите на маршал Тито во оваа војна се изненадувачки, а многу посматрачи во оваа земја веруваат дека тој ги претставува во многу порозова слика од онаа што навистина егзистира, иако нашите информации за вистинската ситуација... се неодредени“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, печатот сметал дека искажаните пофалби во полза на Народноослободителното движење и на Тито од страна на британскиот премиер би можеле да бидат вовед во преземањето мерки за реорганизација на Југословенската влада, за да се овозможи создавање обединет фронт меѓу "владата на кралот Петар ИИ, со онаа на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)