Ќе одбереме од сите сорти снопје, ќе свршиме, што ќе дадит ала, и за вас и за мене.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)