Знаев јас на каква беспатица може да ме одведе љубопитството на Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вистина е дека мојот Човек го имав како раката што си ја чуствував додека ја кревав за да му го допрам челото и да му ги слушнам желбите; го имав како очите што си ги имав за да ја симнам темнината од неговиот сон кога ќе посакав да му го видам лицето, толку го чувствував близок иако отсутен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)