Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)