Спиеше мирно. Утрото, кога се разбуди, рече: „Колку убаво се спие на твојава перница.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа ноќ ги слушав тие звуци во својата имагинација, додека лежев така будна, и очекував Клара да вика додека спие, да им одговара во сонот на гласовите кои ја мачат во нејзиното јаве, гласовите кои не ѝ даваат да заспие, и на кои толку се има навикнато што без нив мракот ја плаши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Петтиот - не, не, не... Шестиот, седмиот, осмиот, осумнаесеттиот, сите - не, одговаравме во хор.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А што сонам, праш`ваш? („гајле ми е“, му одговара во себе таксистот).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Кого го нема, без него се може! – одговараат во ист глас дедото и помладото внуче. (внучето продолжува да му го влече јазикот).
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Што да пра’ам прибидејќи делата на Хорацио ми се секогаш корисен поттик за пишување антиупатство.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)